Симптомите на деменција обично се јавуваат по овој редослед, важно е да ги запомните

4 mins read

Раната дијагноза на деменцијата може да доведе до подобар третман на болеста, предупредуваат лекарите, па затоа е исклучително важно навреме да се забележат и препознаат симптомите.

„Се проценува дека околу 55 милиони луѓе во светот во моментот страдаат од Алцхајмерова болест и други причини за деменција, а се проценува дека до 2030 година тој број ќе се зголеми на 78 милиони, а до 2050 година на 139 милиони луѓе“, вели Ендрју Бадсон, ендокринолог.

„Едноставно нема доволно невролози, психијатри и невропсихолози кои би успеале да ги дијагностицираат сите луѓе кои страдаат од когнитивно пропаѓање и деменција. Општите лекари ќе треба да го преземат водството по ова прашање“, додал тој.

Ова се најчестите знаци на деменција кои треба да се запомнат и следат, а нив ги истакнуваат лекарите.

Губење на меморијата

Додека некој облик на губењето на памтењето, како што е барањето клучеви од автомобилот, не е сигнал за паника, драматичните промени во меморијата може да бидат симптом на деменција.

– Мене ми е важно да знам кога сакам да ми се дијагностицира. Притоа, секогаш прашувам дали дошло до големи промени во памтењето и размислувањето? Дали дошло до промени поради кои човекот повеќе не се чувствува добро? – наведува д-р Саманта Холден.

Збунетост

Токму ова е еден од раните симптоми на деменција и можеби нема да се појави прв.

„Чувството на збунетост е чест проблем кај луѓето постари од 65 години. Пропаѓањето на нормалните когнитивни активности може да биде акутно или хронично и прогресивно. Кај постарите лица, тоа може да биде и симптом на делириум или деменција, иако може да биде поврзано и со психози и нарушувања, како тешка депресија“, пишува на веб-страницата на Американскиот семеен лекар (American Familiy Physician), а ова се резултатите од медицинските истражувања.

Проблеми со спиењето

Нарушениот сон е тесно поврзан со деменцијата, а некои ќе ги искусат овие симптоми многу години пред да се постави дијагноза.

„Можеме да ги дијагностицираме проблемите со сонот со набљудување на сонот на една личност. Постојат добри шанси тие да развијат деменција на Левиеви тела ( Lewy), што е хронично когнитивно пропаѓање и станува збор за трета најчеста деменција. Обично се појавува кај луѓе над 60 години или кај Паркинсонова болест “, појаснил неврологот Џејмс Леверент.

„Обично кога имам пациент и го прашувам дали има проблеми со спиењето, честопати партнерот на личноста ќе каже дека веќе ги има неколку години“, додава тој.

Халуцинации

Деменцијата може да предизвика личноста да ги гледа работите кои не се во близина, предупредуваат лекарите. Доктор Леверент додава дека тоа станува проблем кога човек ќе почне да верува дека халуцинациите се реални и дека проблемот мора да се реши ако лицето мисли дека мора да повика полиција за да го реши проблемот или ако е толку исплашено што не може да заспие.

Што е толку смешно?

Губењето на способноста да се разбере шегата може да биде еден од раните симптоми на деменција.

„Ако забележите дека вашата смисла за хумор е многу променета, можеби е време да посетите лекар заради совет, но и за лекување“, советува д-р Кејти Пучеринг, советничка за Алцхајмерова болест.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарските социјалисти бараат враќање на гласачките ливчиња на изборите наместо машинско гласање

Следно

Анализа: Некои западни компании продолжуваат со деловната активност на рускиот пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian