Што прави денеска: Сашо Димоски, писател и драмски уметник

2 mins read

Сашо Димоски е македонски современ писател и драмски ументник, кој зад себе има над педесет дела врочени во прозни книги, радио и ТВ-продукции, есеи во полето на театрологијата и научни истражувања.

Речиси две години е директор на националниот театар „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, кој воедно е еден од најстарите и водечки театарски институции во Македонија, основана во 1948 година.

Го прашавме Димоски како отприлика изгледа еден негов ден, па еве што ни откри тој…

сашо димоски
Сашо Димоски / Фото: Приватна архива

„По извесната пауза заради градежните работи на објектот, Велешкиот театар ја крена својата завеса. Репертоарот за април започнува со изведбата на претставата „Четири соби“, театарска варијанта на култниот филм од 1995 година, адаптирана и режирана од Синиша Евтимов. Тој ден, а и вечер, ми беа во знакот на театарот и на претставата, на голема радост.

Утрото ми започна со кафе за носење кое го испив на релација Скопје-Велес, а веднаш потоа – второ кафе и неколку коресподенции кои се однесуваат на престојното издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, чија селекција е во тек и ќе биде затворена до крајот на мај така што можам да најавам возбудлива селекција.

сашо димоски
Сашо Димоски / Фото: Приватна архива

Во меѓувреме, ги направивме завршните подготовки за изведбата, а некаде околу пладне имавме средба со дел од креативниот тим кој работи на праизведбата на комедијата „СпонзоРушка“ од Огнен Неделковски, во режија на Деан Дамјановски – претстава со која ќе дебитираат неколку млади актери, велешани, на чија иницијатива овој проект и се продуцира.

До крајот на „стандардното работно време“, завршив неколку административни обврски од тековното работење на театарот. Потоа – пауза за развлечен ручек, а во вакви динамичи денови најчесто ручам надвор, па се вратив во театарот за изведбата на „Четири соби“.“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија и Грција чекор поблиску до заедничка нуклеарна централа

Следно

Методија Димовски нов Генерален секретар на Владата

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian