Психопатите пијат вакво кафе, барем така тврди студијата! Дали сте меѓу нив?

3 mins read

Дали го претпочитате вашиот утринско кафе без млеко, крем и шеќер? Истражувањата велат дека веројатно сте психопат со садистички тенденции, пишува Reader’s Digest.

Ако некогаш сте биле на рандеву со некој кој избрал црно силно кафе, можеби ќе сакате да го зграпчите вашето кафе и да побегнете. Очигледно, можеби сте на состанок со психопат.

Психопат е личност која нема емпатија и чувства кон другите, себичен е, не се чувствува вина, моралните вредности не му значат ништо, склон е да манипулира со другите, покрај тоа, тој често е добро интегриран во општеството…

Дали некогаш сте виделе некој како пие црно кафе без капка млеко или шеќер и сте се запрашале како може да ужива во тоа?

Иако многумина од нас не можат да живеат без утринска шолја кафе, исто така, е тешко да се замисли да го пиеме едноставно без додавање млеко или шеќер. Впрочем, кој сака да пие пијалак со толку горчлив вкус, особено рано наутро?

Студија спроведена на Универзитетот во Инсбрук во Австрија открила тренд кој укажува на корелација помеѓу преференциите за црно кафе и другите горчливи вкусови, и садистички или психопатски особини на личноста.

Па, според некои истражувања, пиењето кафе на овој начин може да каже многу за вас – и тоа на многу изненадувачки начин.

Иако можеби звучи малку смешно, австриската студија ги поврзала оние кои пијат црно кафе со психопатија.

Австриските научници всушност не го проучувале кафето, туку се фокусирале на супстанциите со горчлив вкус. Се анализирало дали одредени вкусови може да бидат показател за асоцијални особини или не.

Учесниците биле оценувани колку уживаат во храната и пијалаците врз основа на одредени вкусови, вклучително и на горчливиот вкус. Резултатите потоа биле споредени со тестовите на личноста кои покриваат специфични особини, како што се агресија и манипулација.

Студијата ја потврдила хипотезата дека преференциите на горчливиот вкус се поврзани со злонамерни особини, како што се недостаток на емпатија и рамнодушност.

Ако е вистина, тоа значи дека луѓето кои уживаат во горчливите вкусови се оние кои имаат поголема веројатност да бидат психопати.

А, на спротивната страна на спектарот, луѓето кои пијат утринска шолја кафе со шеќер или млеко имаат поголема веројатност да покажат повеќе позитивни карактеристики, вклучувајќи сочувство, соработка и љубезност.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дресот на Марадона со милионска вредност не е автентичен, тврди неговата ќерка

Следно

Ставот на Софија околу С. Македонија не е променет, велат од бугарското МНР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian