Ѓоковиќ елиминиран уште на стартот во Монте Карло

1 min read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изненадувачки поразен уште во својот прв меч на турнирот во Монте Карло.

Српскиот ас во рамките од второто коло денеска со резултат 2:1 во сетови 6:3, 6:7 (5) и 6:1 загуби од Алехандро Давидович Фокина.

Мечот траеше скоро три часа, а Шпанецот Давид Фокина во третата рунда ќе игра против Давид Гофан или Даниел Еванс.

За Ноле ова беше само четврти меч оваа сезона, претходните три ги играше во Дубаи каде беше совладан од Чехот Јиржи Весели.

Ѓоковиќ според најавите се очекува да настапи на турнирот во Белград, а потоа следуваат турнирите во Мадрид и Рим пред грен слемот „Ролан Гарос“.

АТП турнир, Монте Карло, резултати –

Еванс – Бонзи 2:0, Мартине – Умбер 2:, Руусувуори – Оте 2:0, Сонего – Ивашка 2:0, Креси – Ѓере 1:2, Фриц – Катарина 2:1, Мусети – Пер 2:1, Гофан – Лехецка 2:0, Ѓоковиќ – Давидович Фокина 1:2, Руне – Карацев 2:1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Буча пронајдени 403 тела на цивили

Следно

Зошто слушаме песни на кои не им го разбираме текстот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian