Напаѓачот кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага по грешка пуштен од затвор

3 mins read

Еден од тројцата напаѓачи кои лани пукаа во шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага (36) по грешка е пуштен од затвор во Калифорнија, пишува „Гардијан“. Ова уследи по појавувањето на суд претходно оваа недела.

Џејмс Џексон, за кој се тврди дека е револвераш, е обвинет за напад со огнено оружје и за сокривање на истото во автомобилот. Тој беше обвинет уште во февруари минатата година заедно со Џејлин Вајт (19) и Лафајет Вејли (27) и за обид за убиство на Рајан Фишер кој ги шеташе француските булдози и за грабеж од втор степен.

Инаку, тројцата претходно споменати напаѓачи прво пукале во шетачот, а потоа му ги украле кучињата чиј сопственик е Лејди Гага. Застреланиот маж потоа бил итно пренесен во болница, а неговата состојба по пет дена била стабилна. Изгубил многу крв, но се опоравил во болницата. За немилата случка тој тогаш се огласи на социјалните мрежи.

„Ја гледав смртта во очи и закрепнувањето нема да биде едноставно. Ќе ви пишам кога ќе ми се подобри состојбата, но засега сакам да ви кажам дека сум исклучително благодарен за љубовта и вниманието што го покажавте кон мене. Ја чувствувам вашата поддршка. Благодарност до полицијата која успеа да ги пронајде кучињата и да ги врати дома. Знам и дека ќе направат се за да ги пронајдат тие криминалци кои се обидоа да ме убијат. Гага, ти благодарам. Последните денови постојано беше со мене и со моето семејство, а за среќа твоето сега е повторно заедно. Успеавме“, напиша, меѓу другото, во својата долга објава Фишер, чиј живот повеќе не е во опасност.

Застрелан шетачот на кучињата на Лејди Гага

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Објавена снимката од кражбата на кучињата на Лејди Гага: Се слушаат истрелите и како нејзиниот чувар бара помош

Украдените кучиња на Лејди Гага се пронајдени живи и здрави: Коџи и Густав повторно во прегратките на пејачката

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бузалковски со две први места на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Следно

СОНК очекува прифатлив предлог за зголемување на платите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian