Методија Димовски нов Генерален секретар на Владата

1 min read

На денешната 37-ма седница на владата Методија Димовски е именуван за нов Генерален секретар, потврдија од Владата. На истата седница претходно е констатирана оставката на неговиот претходник Мухамед Зекири кој е осомничен за кривично дело врзано со јавни набавки во Владата и си поднесе оставка веднаш по покренувањето на обвинението.

Тој на функцијата во Владата доаѓа на покана на премиерот Димитар Ковачевски од Министерството за животна средина и просторно планирање каде беше член на Инспекцискиот совет за животна средина и здравје на луѓето.

 

Кој ќе го замени Мухамед Зекири – тројца кандидати за генерален секретар на Владата

Димовски пред да влезе во Министерството бил генерален секретар во Агенцијата за државни службеници или сегашна Агенција за администрација, а бил и самостоен консултант.

Во 90-тите тој бил и помошник министер за животна средина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Сашо Димоски, писател и драмски уметник

Следно

Израелските власти пронајдоа сомнителна направа во подарок од кинеската амбасада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian