Кралицата Елизабета: Се чувствувам исцрпено по коронавирусот

2 mins read

Кралицата Елизабета II открила дека се чувствува „многу уморно и исцрпено“ по прележувањето на коронавирусот, додека разговарала за нејзиното искуство со поранешен пациент чии татко и брат починале од вирусот, објави „The Guardian“.

Монархот, која е најдолг период на тронот во Велика Британија, беше позитивна на ковид-19 во февруари годинава, но продолжи со нејзините должности и покрај „благите симптоми на настинка“, како што ги опишаа од Бакингамската палата.

За време на нејзината неодамнешна, виртуелна посета на болницата „Royal London“ во Вајтчепел, таа имала прилика да ги слушне приказните на медицинскиот персонал и пациентите кои го користеле објектот за време на пандемијата.

Додека разговарала со Асеф Хусеин, поранешен пациент со коронавирус и неговата сопруга Шамина, кралицата им рекла: „Тоа го остава човекот многу уморен и исцрпен, нели? Оваа ужасна пандемија“.

Асеф Хусеин бил трет член од неговото семејство кој бил хоспитализиран како последица на коронавирусот, откако тие се заразиле на крајот од 2020 година. Прв починал неговиот брат, а потоа починал и неговиот татко. Но, и Асеф не поминал лесно – тој бил приклучен на респиратор.

„Се сеќавам дека ја разбудив сопругата и ѝ реков дека се чувствувам како да нема кислород во собата“, раскажал тој, присетувајќи се на денот кога бил хоспитализиран, а неговата сопруга повикала Брза помош.

Пациентот бил приклучен на респиратор седум недели, но сѐ уште се опоравува. По неговото отпуштање од болницата, тој користел инвалидска количка и пренослив апарат за кислород.

Понатаму во разговорот, кралицата се осврнала и на неможноста на пациентите да си ги видат своите семејства и пријатели додека биле во болница.

„Се разбира, неможноста да ги видите вашите блиски беше многу тешка“, рекла таа.

Британскиот „Вог“ на посебен начин ќе ја одбележи 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анализа: Некои западни компании продолжуваат со деловната активност на рускиот пазар

Следно

ВИДЕО | Муратов: Имаме стратегија за Ромите само на хартија, која кога ќе заврши се’ се заташкува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian