Кој ќе го замени Мухамед Зекири – тројца кандидати за генерален секретар на Владата

1 min read

Владините служби најавувајќи ја денешната редовна 37. седница на Владата не споменаа дека изборот на нов генерален секретар на Владата е една од точките, откако минатата недела досегашниот Мухамед Зекири се најде во притвор, осомничен за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување. „Фокус“ објавува дека сепак денеска ќе се избере нов генсек меѓу тројца кандидати.

„Фокус“ неофицијално дознава дека кандидати за генерален секретар на Владата се: Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Методија Димовски, член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето и неговата шефица Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет. 

Според оваа објава најсериозен кандидат за Генерален секретар на Владата е токму Димовски.

Изборот на Генерален секретар на Владата доаѓа откако двајцата претходни вршители на оваа функцијата Драги Рашковски и Мухамед Зекири завршија во притвор за кривични дела поврзани со јавни набавки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Си купил остров, не сакал да го продаде ниту за 40 милиони фунти: Се вљубив во мирот

Следно

Хофрајтер: Забрзување на ЕУ-интеграциите по изборите во Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian