Исповед на очевидец во Њујорк: На подот имаше многу крв, луѓето се газеа едни со други

2 mins read

Кондуктер кој бил во вагонот на метрото каде што се случи пукањето во Њујорк, во кое се повредени најмалку 13 лица, во исповед за Си-ен-ен раскажал што се случувало во моментот на пукањето.

Тој кажал дека возот доцнел неколку минути пред да стигне до станицата лоцирана на 36-та улица во Сансет Парк.

– Видов дека чадот почна да се шири низ вагоните. Потоа слушнав звуци кои звучеа како огномет, сега кога знам дека беше пукање, среќен сум што се скрив зад едно седиште. Сè уште немам зборови да го опишам она што го доживеав, кажал тој.

Инаку очевидецот во моментот на нападот бил во предниот дел на третиот вагон, во кој се пукало.

Кога чадот почнал да се шири, сите луѓе почнале да преминуваат преку вагоните. Возачот се обидел да ја отвори вратата, но едноставно не можел“, вели тој.

Кондуктерот потоа опишал како изгледало местото на несреќата веднаш по пукањето.

– Имаше крв на подот. Имаше многу крв. Во тоа време, не мислев дека тоа е пукање бидејќи сето тоа ми звучеше како огномет. Сè што видов беше луѓе кои трчаат и се прегазуваат едни со други, обидувајќи се да излезат низ заклучена врата. Настана голема паника, но за среќа возот брзо отиде до следната станица и потоа се отвори вратата. Сите излегоа набрзина од метрото, раскажал тој.

Имал маска во метрото, но морал да ја симне бидејќи по нападот била црна од чад.

– Се обидов да се сокријам и да направам место за една постара жена која беше во моја близина, изјавил тој.

Според првите проценки, во споменатиот вагон во моментот на пукањето имало околу 50 патници.

kurir.mk

Претходно

Интересна оптичка илузија открива дали имате проблеми со видот: Можете ли да прочитате што пишува на сликата?

Следно

Србија инвестира во армијата : Какво оружје купи Белград од Истокот и од Западот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian