Искршена и запалена таблата со пораката на Бадникарите за чисто Водно

1 min read

Деновиве скопските Бадникари биле непријатно изненадени и како што велат, огорчени поради постапката на непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста. 

Имено, тврдат дека од несфатливи причини е искршена, а потоа запалена таблата сo еколошка, а не некаква политичка или комерцијална порака, а потоа запалена.

„Причините за ваквата вандалска постапка се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30 годишната успешна активност. Тие на Краста каде што со години, во пресрет на Божик, ги берат бадниковите гранчиња кои на Бадник им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм Свети Климент Охридски со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција“, се вели во реакцијата

skopjeinfo.mk

Претходно

Влада: Во образованието платите досега се зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Следно

Војиновиќ: Не погрешивме што одлучивме Скопје да го организира АБА2 завршниот турнир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian