Гази Баба за првпат со субвенции за велосипеди

1 min read

Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипеди за 2022 година

За јавниот повик, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Реализирано уште едно ветување!

За прв пат на територија на општина Гази Баба се воведени субвенции за купување на велосипеди.

Почитувани граѓани,

Во тек е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2022 година.

Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во период од објава на Јавниот повик, 11.04.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

Ги повикувам граѓаните да аплицираат.

Условите за јавниот повик се на следниот линк:

http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/aven-povik-za-subventcionira-e-na-gra-anite-na-podrach-eto-na-opshtina-gazi-baba-za-kupuva-e-velosipedi-vo-2022-godina – напиша Стефковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории

Следно

ЕП 2022: Македонија ќе биде во групата „Ц“, жрепката на 28 април во Љубљана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian