ФОТО+ВИДЕО | Си купил остров, не сакал да го продаде ниту за 40 милиони фунти: Се вљубив во мирот

2 mins read

Британецот Брендон Гримшо, поранешен уредник на весник, во 1962 година го купил малиот остров Мојен во близина на островската држава Сејшели во Индискиот океан. Тој остров бил сосема напуштен, а Брендон го купил за само 8.000 фунти. Поранешниот новинар веднаш се вљубил во својот нов дом, тишината и дивите животни кои живеат на островот, пренесуваат британските медиуми.

Мојен
Островот Мојен / Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Се вљубив во тишината и мирот“, рекол Брендон во една прилика.

Откако го купил островот, Гримшо, со помош на Рене Антоан Лафортун, син на локален рибар, почнал да прави патеки низ грмушките. Тие исто така засадиле нови дрвја во обид да го трансформираат островот, а Брендон донел џиновски желки на островот и си изградил скромна дрвена куќа.

Брендон Гримшо
Брендон Гримшо и Рене Антоан Лафортун / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Неговата напорна работа го привлекло вниманието на богатите инвеститори, кои ги гледале Сејшелите како тропски рај и идеално место за луксузен одмор.

„Робинзон Крусо од реалниот живот“

Наводно, му биле понудени 40 милиони фунти, но тој не сакал неговиот остров да биде претворен во луксузно одморалиште.

Брендон на островот живеел од 1962 до 2012 година, кога починал. Затоа што немал деца, Брендон пред смртта потпишал договор со владата на Сејшелите, според кој островот останува во нивна сопственост, но под услови кои владата ги исполнила. Денес, островот е прогласен за национален парк и во него има само музеј посветен на Брендон, мал ресторан и центар за џиновски желки.

„Островот Мојен му ги отвори очите за да ја види убавината околу него и да биде благодарен на Бога“, стои на надгробната плоча на Брендон.

Мојен
Островот Мојен / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Островот прима само 50 гости дневно. Шефицата на националните паркови на Сејшели, Изабел Равинија во една прилика рекла дека Брендон ја пронашол својата среќа на тој остров.

„Луѓето велат дека бил луд, но јас го мислам токму спротивното. Таму ја најде својата среќа и не го интересираа парите. Можеше да прифати понуди и да живее како богат човек, но наместо тоа реши да го напушти островот како негов наследство“, рече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здрахала: Чешка е фаворит на хартија, но Македонија е сè уште непријатен противник

Следно

Кој ќе го замени Мухамед Зекири – тројца кандидати за генерален секретар на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian