Бензема прв фаворит за освојување на „Златната топка“

1 min read

Ова доаѓа во услови во кои календарот за следната сезона трпи промени поради организацијата на Светското првенство 2022 година во Катар во ноември и декември. Настапите на СП ќе бидат вреднувани за „Златната топка“ која ќе биде доделена во 2023 година.

Новинарите на „Goal“ објавија ажурирана табела за престижниот трофеј што го доделува „Франс Фудбал“ и имаме промена на врвот.

Карим Бензема го престигна Роберт Левандовски, по забележителниот настап во четвртфиналето на Лигата на шампионите, крунисан со хет-трик во триумфот против Челси со резултат 1:3. Полскиот напаѓач имаше водство во првите месеци од оваа година, но сега Французинот изби на врвот на листата.

Ливерпул и Реал Мадрид имаат тројца играчи во ТОП 10, додека на листата нема двајца кои со исклучок на Лука Модриќ доминираа во 2018 година кога е во прашање оваа награда – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Ова е моменталниот редослед:

1. Карим Бензема, Реал Мадрид
2. Роберт Левандовски, Баерн
3. Мохамед Салах, Ливерпул
4. Килијан Мбапе, ПСЖ
5. Лука Модриќ, Реал Мадрид
6. Садио Мане, Ливерпул
7. Кевин де Брујнe, Манчестер сити
8. Винисиус Јуниор, Реал Мадрид
9. Фил Фоден, Манчестер сити
10. Трент Александар-Арнолд, Ливерпул

Интересно, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е дури на 20. место, а Лионел Меси како бранител на оваа титула воопшто го нема на листата.

Карим Бензема моментално е најдобар стрелец во шпанската „Ла Лига“ со 24 голови и Лигата на шампионите со 11 голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускиот опозициски активист Владимир Кара-Мурза уапсен во Москва

Следно

ФОТО | Девојчето со црвеното палто во „Шиндлеровата листа“ сега им помага на украински бегалци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian