Јанша ги отфрла обвинувањата дека неговата партија е финансирана од Будимпешта

1 min read

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска се осврна на тврдењата на опозицијата дека неговата партија индиректно се финансира од странство, преку политички мотивирани инвестиции од Унгарија и ги нарече „навредливи инсинуации”.

„Словенечката демократска партија не се финансира од странство и не добива средства незаконски”, рече Јанша, говорејќи како сведок на распитот пред специјалната парламентарна анкетна комисија што минатата година ја основа опозицијата за финансирање политички партии од странство.

Јанша ги нарече недокажани тврдењата дека неговата партија се финансира на незаконски начин или дека се работи за перење пари, а на седницата на комисијата неколку пати се закани дека ќе ја напушти салата доколку продолжат „ваквите инсинуации”.

Како што се наведува, станува збор за инвестиции од Унгарија во медиумите блиски до партијата на Јанша.

Јанша на распитот ги отфрли и сите сомнежи за заем што неговата партија го обезбедила пред четири години, пред тогашните парламентарни избори, од извесна претприемничка од Република Српска, која подоцна се откажала бидејќи се покажало дека не е во согласност со закон.

Исто така, Јанша рече дека не го познава украинскиот „проруски” политичар Виктор Медведчук, за кој опозиционерите тврдеа дека отворено зборувал за финансиски „октопод” создаден од луѓе блиски до Виктор Орбан во регионот, „финансирајќи некои медиуми во Словенија и Македонија”.

Опозициските членови на комисијата сметаат дека станува збор за „руски пари за ширење политичка пропаганда во Европа”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени лица во Скопје за изнуда на пари

Следно

Дресот на Марадона со милионска вредност не е автентичен, тврди неговата ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian