ВИДЕО | Овој човек не ја измил косата шест години: Тврди дека тоа го спасило од ќелавост

1 min read

Ник Котзи, маж од Јужна Африка, неодамна објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ кое собра милиони прегледи.

Објавата стана вирална затоа што во неа тој објаснува дека шест години не ја миел косата со ниту еден шампон. Во видеото објасни дека косата почнала да му опаѓа додека сè уште бил на факултет.

„Косата ми паѓаше до тој степен што на предавањата морав да носам резервни кошули. Знаев дека до крајот на предавањето мојата кошула ќе биде полна со влакна“, раскажува тој.

@_nickcoetzee Haven’t washed it in years ✋🏼 #nopoomethod #hairloss #hair #hairtok #fyp ♬ Paris – Else

„Имав чувство дека разни хемикалии, како шампони и регенератори, ми ја уништуваат косата. Решив повеќе да не ги користам овие производи и мојата коса стана многу поздрава“, рече тој и истакна дека пред шест години, кога ја започнал оваа практика дека косата треба да се мие исклучиво со вода. „Луѓето обично мислат дека косата ќе им стане мрсна кога ќе престанат да ја мијат, и тоа е вистина, но таа ќе биде мрсна само неколку недели. После тоа, вашите природни масла, кои биле уништени од хемикалиите, ќе закрепнат, а вашата коса ќе стане здрава“, објасни тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рајо Ваљекано и Димитриевски сè уште чекаат на победа во Ла Лига во 2022 година

Следно

Бугарија ќе лови руски „тролови“ на социјалните мрежи?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian