ВИДЕО | Лозано има нова песна: „После полноќ“ ќе ве „зарази“ уште на прво слушање

1 min read

По подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано, конечно ја објави својата најнова песна.

„После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.

Фото: Промо

Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.

– Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне – изјави накусо Лозано.

Фото: Промо

Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека, пак, за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу брзо, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пациент на неврохирургија нападнал болничар и друг пациент, па скокнал од прозорец

Следно

Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на покојната Викторија Николова

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian