Вашингтон ги смести Груевски и Мијалков на американската „црна листа“

2 mins read

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и некогашниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се додадени на „црната листа“ на САД, соопшти Канцеларијата за контрола на странски имоти на Одделот за трезор, односно на американското Министерство за финансии.

Американските власти соопштија дека причината за овој потег е вмешаноста на Груевски и Мијалков во „значителна корупција“. Личностите на оваа листа не смеат да влезат во САД, на американските државјани им се забранети секакви бизнис-врски со нив, а доколку имаат имот во САД, тој им се замрзнува.

Заедно со Груевски и Мијалков, под санкции се ставени и нивните семејства, како и компанијата која Груевски ја отвори во Унгарија,

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија довербвата на јавноста во владите. Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во избворните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, пишува во одлуката на американските власти.

И за Мијалков е наведено дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучувале искористување на неговото политичко влијание и моќ за личен бенефит.

Покрај Груевски и Мијалков, на дополнетата „црна листа“ е вклучена и Гордана Тадиќ, некогашната обвинителка на Босна и Херцеговина, црногорскиот политичар Светозар Маровиќ и повеќе други имиња од земјите од Западен Балкан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Тој има 81, а таа 28 години: Ал Пачино на вечера со поранешната на Мик Џегер

Следно

Половина од Украина има потреба од расчистување мини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian