Јупитер и Нептун се спојуваат во Риби, првпат од 1856 година: Спремете се за магија

3 mins read

Вознесение, просветлување и длабоки духовни искуства нѐ воздигнуваат до небесните простори на 12 април 2022 година. Небото не познава граници кога две слободољубиви планети се спојуваат во знакот на Риби, познато како конјункција на Јупитер-Нептун од 12 април.

Што е конјукција Јупитер-Нептун?

На 12 април, Јупитер се синхронизира со безграничниот Нептун, настан што се случува еднаш на секои 13 години. И за прв пат од 17 март 1856 година, нивниот екстатичен танц се игра во знакот на идеалистичните Риби (на 23°58′), хороскопскиот знак со кој владеат и Јупитер и Нептун.

Овој настан сигурно ќе го промени пејзажот на културата, како и нашата внатрешна емотивна територија. Додека ова космичко дуо работи на нашата потсвест ќе имаме посебна шанса да се ослободиме од самонаметнатите бариери.

Месечен хороскоп за април: Енергија што се појавува еднаш во животен век

Што да очекувате на спојувањето Јупитер-Нептун на 12 април?

Не може да има подобар момент за започнување со медитација, чистење на телото или психотерапија. Сè што ве внесува „во тек на енергијата“ е точен одговор овој период.

Кога Јупитер и Нептун последен пат се сретнаа во Риби, духовното движење беше во својот врв. Со оглед на тоа што Рибите владеат со задгробниот живот и духовното царство, оваа конјункција ќе не натера длабоко да размислуваме за патувањето на нашите души.

Двете планети се многу среќни кога се во Риби и заедно, нивната енергија е неверојатно силна, позитивна и магична. Јупитер е ориентиран кон растот и сака да ги проширува нашите умови, додека Нептун ни носи интуиција и соништа. Бидејќи овие планети се во Риби, тие можат да изнесат многу мистична и трансформациска енергија во космосот.

Јупитер и Нептун, Фото: Инстаграм

Подгответе се за голема двојност

Во хороскопот симболот на Рибите се две риби кои пливаат во спротивставени насоки, а таа парадоксална моќ ќе ја почувствуваме во близина на 12 април. Внимвајте на фатаморгани и привиди. Во деновите што претстојат, можеби ќе бараме нови просветлени начини за поддршка на најблиските кои се справуваат со предизвиците за менталното здравје под раководство на Рибите.

Уметност

Може да претстојат револуционерни случувања во уметноста за време на транзитот Јупитер-Нептун. Рибите, кои владеат со танцот, филмот и музиката, сигурно ќе диригираат некои фасцинантни оркестрации во 2022 година. Последниот циклус, во 1856 година, беше поврзан со романтичната ера во класичната музика. Во меѓувреме, долж делтата на Мисисипи, блуз музика обезбеди израз за поробената африканска дијаспора. Џез-добата се разви со полна сила во 1919-20 година, кога Јупитер се сретна со Нептун во страсниот Лав.

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Унгарија е подготвена да плаќа во рубљи за рускиот гас без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија

Следно

Шаќири: Времето е несоодветно за штрајк, во најскоро време ќе излеземе со понуда до СОНК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian