Менаџерот на Челси, Томас Тухел смета дека неговите фудбалери имаат мали шанси да направат пресврт во реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите и да го елиминираат Реал Мадрид.
„Кралевите“ на првиот натпревар што се играше на „Стемфорд бриџ“ во Лондон, славеа со 1:3.
– Мали се шансите дека ќе успееме да направиме пресврт и да го елиминираме Рел Мадрид, но секако треба да се обидеме. Ќе се обидеме да бидеме подобри отколку во првиот натпревар. Ние сме тим на кој му е потребна сила за да бидеме специјални. Тоа не го покажавме на првиот натпревар и тоа поради играчите на Реал кои го успорија ритамот и имаа поголема контрола на топката – изјави Тухел.