Собрани 64.460 тони смет и 100 кубни метри кабаст отпад во пролетната акција во општина Аеродром

1 min read

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина  Аеродром успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.

Во рамките на акцијата екипите на  ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле 32 интервенции на територијата на општина Аеродром.  Извршено е машинско косење на тревните површини на осум булевари, односно булеварите  „Србија“, „АСНОМ“, „Видое Смилевски Бато“, „Февруарски поход“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Јане Сандански“, „Трета Македонска Бригада“ и булеварот „12-та Македонска бригада“. Искосени се и тревниците на трите улици  „Васко Карангелески“, „Новопроектирана улица бр.1“, „Новопроектирана улица бр.2“  во Реонски Центар.

Исто така, со акцијата машинско косење на тревата се изврши во Парк Лисиче, Парк Мичурин, парк Јане Сандански, Парк Авионче, Парк Бановина, Парк во Реонски Центар, Парк Нирнберг, Парк со Езерца, Парк Тоше Проески, односно во девет паркови на територијата на општина Аеродром. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

Следно

Eвропратеници ќе ги проверуваат наводите за корупција во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian