Словенија се враќа на „старото нормално“: Носење маски во затворено само по препорака

1 min read

Словенија е меѓу првите земји од Балканот кои се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со пандемијата на ковид-19 во земјата.  Ова меѓудругото го најави словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела, најави ресорниот министер.

Како што информираат медиумите наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.

Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“.

Словенечката влада објави денес дека во изминатите 24 часа од околу 3.800 ПЦР тестови и брзи антигенски тестови се потврдени 528 нови зарази, што е пад во однос на претходниот ден кога биле 785, и во однос на состојбата од пред седум дена, кога имало 802 зарази.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец пронашол рачна бомба во својот двор

Следно

НБА ја објави најдобрата петорка од европски кошаркари во историјата, во неа нема место за Јокиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian