Повеќекратниот француски шампион ПСЖ постои шанса да добие нови сопственици на крајот од годината, односно по завршување на Светското првенство во Катар кое ќе се игра од 21. ноември до 18. декември.
Оваа сензационална вест ја објави новинарот на шпански „Ел Чирингито“ Еду Агире, кој тврди дека сопствениците на ПСЖ, кралското катарско семејство предводено од емирот Тамим бин Хамад Ал Тани, донело одлука да се повлече од францускиот тим кој го купи во 2011 година.
Иако веста не е потврдена од ниту еден релевантен извор или медиум, сепак предизвика реакција од претседателот Насер Ал-Келаифи кој за „Лекип“ изјавил дека постојат заинтересирани страни да го купат клубот во наредните години.
💣 EXCLUSIVA DE @EduAguirre7 💣
🚨 “CATAR ha DECIDIDO VENDER el PSG” 🚨
🔥 “AL KHELAIFI quedaría FUERA tras el MUNDIAL y serían OTRAS MANOS las que gestionarían el CLUB” pic.twitter.com/Vc0BcqUm6C
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 11, 2022
Државниот катарски инвестициски фонд во 2011 година го купи ПСЖ, по што Тамим бин Хамад Ал Тани, за претседател на клубот го назначи Насер Ал-Келаифи и оттогаш потроши 1.3 милијарди евра за засилувања како Нејмар, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ, Марко Верати, Анхел ди Марија… со една цел, да се освои Лигата на шампионите.
Но, „светците“ најблиску што дојдоа беше финалето во 2020 година кога загубија од Баерн Минхен со 1:0. Сезонава, ПСЖ загуби во осминафиналето на ЛШ од Реал Мадрид иако по првиот натпревар имаше предност од 1:0. Во реваншот беше 3:1, што значеше нова елиминација и ново разочарување за богатите сопственици.
Во француската Лига 1 беа освоени седум шампионски титули и шест пехари во францускиот куп.
Сезонава ПСЖ загуби од Реал Мадрид во елитното натпреварување во осминафиналето откако првиот натпревар го доби со 1:0, а вториот го загуби со 3:1.