СДСМ: Шефот на Мицкоски на „црна листа“, се потврдува криминалот во ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз соопшти дека ја поздравува одлуката на Соединетите Американски Држави за ставање на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков, на „црната листа“ на САД.

Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски и човек кој сѐ уште управува со ВМРО-ДПМНЕ, е ставен на „црната листа“ на Соединетите американски држави, коментираат од СДСМ, додавајќи дека тоа е уште една потврда за големиот степен на криминал во опозициската партија.

„Груевски, како што објави Стејт Департментот и како што знаат граѓаните, вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, но и присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси. На оваа црна листа покрај Груевски е и неговиот братучед, Сашо Мијалков. Ова е уште една силна потврда за размерот на криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, таа криминална и режимска матрица и ден денес е силно присутна во опозициската партија“, наведува СДСМ во реакцијата.

Како што се додава, дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Христијан Мицкоски, па затоа ВМРО-ДПМНЕ „останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на државата и граѓаните“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сајмон Кауел призна дека „малку“ претерал со ботокс: Синот не ме препозна, доста е

Следно

„МЕГИ“ ГИ ОПУСТОШИ ФИЛИПИНИ, ИМА И МРТВИ: Одрони и поплави на истокот и југот на островската земја, ова е ПОЛОШО ОД ВОЈНА! (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian