Сајмон Кауел призна дека „малку“ претерал со ботокс: Синот не ме препозна, доста е

1 min read

Познатиот член на жирито на „Britain’s God Talent“ и „America’s Got Talent“, Сајмон Кауел неодамна откри дека претерал со ботокс, а неговиот најнов третман го направил непрепознатлив, пренесува „Daily Mail“.

Кауел вели дека решил да се откаже од естетските „експерименти“ поради неговиот 8-годишен син Ерик. Тој почна да изгледа многу „поинаку“ уште во 2016 година, кога, како што вели, имало фаза во која „лицата на сите биле полни со нешто“.

Откри дека можеби малку претерал во желбата за младешки изглед

„Пред некој ден видов моја фотографија од „порано“ и не се препознав дека тоа сум јас“, призна Сајмон.

Тој вели дека конечно одлучил да престане да користи ботокс кога неговиот син Ерик забележал дека го менува својот изглед.

„Беше хистеричен. Доста беше“, рекол Кауел и открил дека на неговото лице повеќе нема филери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дембеле треба да остане во Барселона

Следно

СДСМ: Шефот на Мицкоски на „црна листа“, се потврдува криминалот во ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian