РФМ ќе ги награди ракометарите со 50.000 евра ако ја елиминираат Чешка

1 min read

Ракометната федерација на Македонија одлучи да ги мотивира ракометарите со премија од 50.000 евра пред настапот во финалниот бараж двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска што ќе се игра во јануари идната година.

Одлуката беше изгласана и донесена од страна на членовите на Управниот одбор на РФМ според членот 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11.

„За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на СП 2023 година во Полска и Шведска во висина од 50.000,00 евра нето износ“, соопшти РФМ.

Првиот бараж натпревар, ракометарите ќе го играат в среда во Злин, а реваншот е во недела во СЦ „Борис Трајковски“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефковски: Градиме нов мултифункционален парк на 2000 метри квадратни

Следно

Твитерџиите „збеснаа“ за венчавката на Бруклин и Никола: Трошат милиони, а во Украина има војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian