Рајо Ваљекано и Димитриевски сè уште чекаат на победа во Ла Лига во 2022 година

1 min read

Фудбалерите на Рајо Ваљекано одиграа 1:1 против Валенсија во последниот натпревар од 31 коло во Ла Лига и сè уште чекаат на првиот триумф во 2022 година во шпанскиот шампионат.

Тимот за кој брани голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, по одличниот старт на сезоната кога во еден момент беше и на четвртото место на табелата, годинава игра очајно во Ла Лига и на 12 натпревари нема победа.

Рајо во 2022 година има очаен скор во Ла Лига, забележа четири нерешени резултати и има дури осум порази по што падна на 13 место на табелата со 34 бода, само шест повеќе од зоната на испаѓање.

Валенсија поведе со голот на Карлос Солер во 57. минута, а Рајо до бод дојде во 83. минута кога Серхио Гвардиола го израмни резултатот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија планира набавка на 12 нови борбени авиони „Рафал“

Следно

ВИДЕО | Овој човек не ја измил косата шест години: Тврди дека тоа го спасило од ќелавост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian