Познати паровите за првото коло од плеј-офот во НБА лигата: Дончиќ на мегдан на Мичел

2 mins read

Со одигрување на последните натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата познати се сите екипи што ќе учествуваат во разигрувањето за титулата како и екипите што ќе се борат во плеј-ин турнирот.

Најдобра екипа во регуларниот дел е Феникс санс која сезоната ја заврши со скор 64-18, додека најнепријатно изненадување во сезоната е неуспехот на ЛА Лејкерс да обезбеди пласман во плеј-офот.

Лејкерси иако пред стартот на сезоната важеа за еден од главните фаворити за титулата, и иако во тимот имаа ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кармело Ентони, Расел Вестбрук, регуларниот дел од сезоната го завршија со скор 33-49 и го освоија 11 место во Западната конференција, што не беше доволно ниту да се влезе во плеј-ин турнирот за пласман во плеј-офот.

Во источната конференција, најдобра екипа е Мајами хит со скор 53-29, додека шампионот Милвоки бакс, плеј-офот ќе го започне од третата позиција и во првото коло го очекува пресметка со Чикаго булс.

Плеј-ин турнирот во кој по четири екипи од двете конференции ќе се борат за последните две места што носат во плеј-офот, ќе се игра од 12 до 15 април. Победникот од дуелот помеѓу седмо и осмопласираната екипа ќе оди на второпласираниот тим во Конференцијата, а поразениот од тој дуел за последното место во плеј-офот ќе игра со подобриот од натпреварот помеѓу деветтиот и десеттиот тим во Конференцијата.

Двојки за плеј-ин:
Источна Конференција
Бруклин – Кливленд (1)
Атланта – Шарлот (3)
победник 1 – победник 3

Западна конференција
Минесота – ЛА Клиперс (2)
Њу Орлеанс – Сан Антонио (4)
победник 2 – победник 4

Двојки за плеј-оф:
Источна конференција
Мајами и Бостон чекаат противници од плеј-ин турнир
Милвоки – Чикаго
Филаделфија – Торонто

Западна конференција
Феникс и Мемфис чекаат противници од плеј-ин турнир
Голден Стејт – Денвер
Далас – Јута

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Eвропратеници ќе ги проверуваат наводите за корупција во Бугарија

Следно

Испиша историја: Сашко Кедев го искачи Даулагири, седмиот највисок врв на светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian