Ѓоковиќ ја започна 365. недела на чело на АТП ранг-листата

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 365. недела на врвот на АТП листата и со тоа продолжи да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.  Ѓоковиќ има 8.420 бодови, десет повеќе од рускиот тенисер Данил Медведев.

Меѓу првите десет тенисери на ранг-листата немаше промени, а по Ѓоковиќ и Медведев следат Германецот Александар Зверев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас.

Од шестото до десеттото место се наоѓаат Матео Беретини, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алиасим и Камерон Нори.

Новак Ѓоковиќ неделна конечно ќе настапи на голем турнир, на мастерсот во Монте Карло, а прв противник му е Алехандро Давидович Фокина.
Претходно, Ѓоковиќ бидејќи не сака да вакцинира против коронавирусот, не можеше да настапи на Австралија Опен како и на мастерсите во САД, Индијан Велс и Мајами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска започнува изградбата на првиот голем мултифункционален парк во Гази Баба

Следно

ФОТО | Вистинско уметничко дело! Нови, ексклузивни фотографии од венчаницата на снаата на Бекам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian