Николовски смирува: Храна ќе има, земјоделците да ги искористат мерките

3 mins read

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува Србија да ја крене „рампата” и за маслото. Тој денеска, по состанокот на Потсекторската група за пченица, порача дека не е време за креирање лажни вести и за создавање паника меѓу граѓаните, зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и зејтин.

Николовски уште еднаш повтори дека се преземаат интервенти мерки за справување со ситуацијата и апелира земјоделците да ги искористат со цел поголемо и одржливо прозводство.

Земјоделците, пак, се задоволни од поддршката и владините мерки. Најавуваат нивно искористување и зголемување на површините под пченица, но и на сончоглед за најмалку 20 отсто.

-Во постојана комуникација сме со Србија. Очекуваме да ја крене „рампата”. Тука сме да помогнеме за се што треба. Да престанат лажните вести и неодговорното однесување, зашто кризата не погаѓа селективно – едни земјоделци да, а други не. Доста со поделби, етикетирања, навреди и омраза. Ова а време кога треба да им се помогне на сите граѓани, а ние тоа максимално го правиме. Седум пати заседава оваа Потсекторска група, сега се на ред земјоделците. Паника не треба да има зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и масло, истакна Николовски.

На Потсекторската група, додаде, станало збор и за тргањето на забраната за извоз на српското жито.

-Наша единствена цел е тргање на забраната за сите компании, за сите склучени договори. Ќе испратиме забелешки за одредени договори кои не биле опфатени во делот на пченицата и пченката. Согласно разговорите, очекуваме тргање на забраната за сите производи. Има и други за кои има барања, макотрпно и деноноќно работиме на тоа. Ќе повторам, не треба да има паника кај граѓаните, тие треба да бидат мирни. Храна ќе има доволно, но треба сите одговорно да се однесуваме. Верувам дека со сите наши напори и преку постојаната комуникација со земјите од регионот, ќе обезбедиме се што е потребно. Утре заминуваме во Турција, на разговори за обезбедување вештачко ѓубриво иако во моментов има залихи, подвлече министерот.

Според проекциите, до крајот на годинава се очекува Интервентниот фонд засега тежок 400 милиони денари, да достигне 600 милиони денари, вклучувајќи ги и мерките за претстојната есенска седиба.

-Храна и житни култури мора да има, ниту една обработлива површина нема да остане незасеана, ѓубриво има доволно, секој земјоделец добива рекордна подршка и субвенција. Целта е зголемување на домашното производство и намалување на увозната зависност, рече министерот и најави дека оваа недела ќе биде објавен повикот за 6 000 хектари државно земјоделско земјиште за производство на житни култури.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Џејда Пинкет Смит првпат во јавноста по скандалот на Оскарите: Без сопругот

Следно

Шехбаз Шариф избран за нов премиер на Пакистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian