Не сме против покачување на платите, вели Миле Талески од СДСМ

1 min read

Миле Талески од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека владата и СДСМ не се против покачување на платите, но целиот процес мора да го поттикне социјалниот дијалог помеѓу синдикатите, стопанството и владата.

– Буџетот е тој и мора во рамките на тој буџет да се најде решение. Поента е дека и ние политичарите треба да ги предвидиме сите работи што во иднина би се случиле. Пред една година во Собранието е поднесен закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта во кој е опфатен сегментот за синхронизација и поврзаност помеѓу покачувањето на минималната плата и платата на вработените во училиштата. Доколку тој закон една година не се блокираше, сега ќе имавме покачување на платата на наставниците. ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тој закон, па дојде и до работ на физичка прсметка помеѓу пратениците. – рече Талески.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали стареењето нè прави себични?

Следно

Борел: Војната во Украина е голем неуспех за Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian