Научници велат дека развиле метод за подмладување на човечките клетки до 30 години

2 mins read

Научници развиле метод кој може да го врати биолошкиот часовник на клетките на кожата за 30 години, создавајќи матични клетки од зрелите, кои би можеле да се користат за лекување на кожни болести во иднина, пишува „Bloomberg“.

Истражувачите опишуваат можност делумно да се обнови функцијата на постарите клетки, како и да се обнови биолошката возраст. Според истражувањето, во експериментите кои симулирале рана на кожата, делумно подмладените клетки покажале знаци дека се однесуваат повеќе како млади клетки.

Експертите сугерираат дека, додека сè уште се во раните фази, наодите на крајот би можеле да ја револуционизираат регенеративната медицина, особено ако може да се реплицираат во други типови клетки.

„Оваа работа има многу возбудливи импликации. Конечно, можеби ќе можеме да идентификуваме гени кои се подмладуваат без репрограмирање и конкретно да ги насочиме за да ги намалиме ефектите од стареењето. Овој пристап ветува вредни откритија кои би можеле да отворат неверојатен терапевтски хоризонт“, вели професорот Волф Реик, водач на истражувањето.

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

„Докажавме дека клетките може да се подмладат без губење на нивната функција и дека подмладувањето се обидува да врати некоја функција на старите клетки. Фактот што видовме и обратна вредност на индикаторите за стареење во гените поврзани со болести е особено ветувачки за иднината на оваа работа“, рече д-р Дилџет Џил еден од истражувачите.

Новиот метод, заснован на техниката која научниците ја користат за производство на матични клетки, го надминува проблемот со целосно бришење на идентитетот на клетките (знаците на старост) со запирање на репрограмирачкиот на дел од процесот.

Ова им овозможило на истражувачите да ја пронајдат прецизната рамнотежа помеѓу репрограмирањето на клетките, правејќи ги биолошки помлади, а сепак да можат да ја вратат нивната специјализирана клеточна функција.

Тие велат дека потенцијалните примени на оваа техника зависат од тоа што клетките не само што изгледаат помлади, туку и функционираат како млади клетки.

баба
Фото: Pexels

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА ја објави најдобрата петорка од европски кошаркари во историјата, во неа нема место за Јокиќ

Следно

Груевски жали што САД го ставиле на „црна листа“: За ова лобираа македонските власти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian