Кои се најбогатите сопственици на италијанските екипи: Газдите на Комо тежат 45 милијарди долари, а на Јувентус само 2.1 милијарди

1 min read

Специјализираниот магазин „Форбс“ ја објави листата на најбогатите сопственици на фудбалски екипи во Италија и изненадувачки на првото место не се наоѓа некој „газда“ на екипа од Серија А, туку на второлигаш.

„Најбогат клуб“ во Италија е второлигашот Комо чии сопственици се Индонезијците Роберт и Михаел Хартоно тежат 45 милијарди долари. Тие се основачи на конзорџиумот Џарум, кој е еден од најголемите производители и продавачи на цигари во Азија.

На второто место се наоѓа поранешниот премиер и сопственик на Милан, Силвио Берлускони кој сега е сопственик на второлигашот Монца и неговото богатство е проценето на 7.1 милијарди долари.

Екипата на Фиорентина го има најбогатиот сопственик меѓу прволигашките екипи. Американецот со италијанско потекло Роко Комисо располага со богатство вредно 6.1 милијарди долари.

Од најголемите и најтрофејни екипи во Италија, Милан, Интер и Јувентус, најдобро котира Пол Сингер, сопственикот на „росонерите“ кој тежи 4.3 милијарди долари.

Првиот човек на Јувентус, Пол Елкан располага со богатство од 2.1 милијарди долари, додека сопственикот на Интер го нема меѓу најбогатите десет сопственици на фудбалски екипи во Италија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инфлацијата во Албанија највисока во последните дваесет години

Следно

Првата дама на Украина си ја отвори душата за „Вог“: Тогаш последен пат го видов сопругот…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian