Кој ја политизира трагедијата со Денис Тот?

2 mins read

На канал именуван „Hide1“ на видео-платформата ЈуТјуб попладнево се објави видео, без да се знае неговото потекло, а на кое во траење од 80 секунди, наводно се гледаат клучните детали од настанот кој се случил во раните утрински часови меѓу четвртокот и петокот минатата недела, пред влезот на скопската дискотека „Привилиџ“, настан кој резултираше со смртни последици по хрватскиот ракометар Денис Тот.

Видеото, накратко по неговото објавување, стана недостапно бидејќи профилот на објавувачот исчезна од видео-платформата ЈуТјуб.

Објавеното видео беше со наслов „Убиството кое МВР и Ковачевски се обидуваат да го скријат“, а на крајот се прикажува и заедничка фотографија на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со јасна политичка алузија дека тие се вмешани во наводното прикривање на деталите за овој трагичен настан.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, за кого непосредно по настанот беше објавена заедничка фотографија со осомничениот убиец на Тот, попладнево се јави со лична реакција во која се заложи „случајот со ракометарот Тот да не се политизира“, но веднаш двосмислено додаде „Министерството да одговори зошто криеше и зошто молчеше и зошто институциите кои се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан, не го расветлуваат, туку континуирано се обидуваат да ја стават работата под тепих“, велејќи дека треба да одговараат и оние кои го кријат сторителот на убиството.

ОЈО, од своја страна, денеска во изјава за ТВ Канал 5 соопшти дека нема индиции дека некој се обидел да го прикрие убиството на Денис Тот.

Обвинителот Бубевски за убиството на Денис Тот: Се трага по напаѓачот кој го задал првиот удар

Осомничениот убиец на Денис Тот во Словенија имал мини фабрика за дрога популарна во ноќни клубови

ВИДЕО | Јордановска: Случајот Тот се разреши за 24 часа, но опасно е што граѓаните сакаат да се информираат од Фејсбук

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како да направите традиционални велигденски венчиња за јајца

Следно

И покрај рекордниот број на нови случаи, Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian