Како да направите традиционални велигденски венчиња за јајца

1 min read

Направете традиционално пециво со варено јајце кое зазема посебно место на празничната трпеза.

Иако повеќето домаќинки веќе имаат план што ќе подготват за велигденскиот ручек, не можевме да одолееме да не ви го покажеме овој пресладок начин на сервирање на јајца. Но, немојте да мислите дека лебот направен на овој начин служи само за декорација.

Ова совршено пециво ќе исчезне од трпезата со брзина на светлината, тоа ви го гарантираме.

Состојки:

– 20 гр свеж квасец
– 60 гр маргарин
– 250 мл млеко
– 200 мл вода
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка сол
– 600-700 гр брашно
– 1 јајце

Подготовка:

Измешајте топло млеко и топла вода, потоа издробете го квасецот и додадете шеќер. Измешајте сè па додадете брашно со постојано мешање со лажица. Растопете го путерот, па додадете го, а потоа додадете ја и солта.

Додадете уште брашно и измешајте. Постепено додавајте брашно и мешајте со лажица додека не стане многу густо. Потоа додадете уште малку брашно и замесете меко и мазно тесто. Оставете да отстои околу 1 час.

Потоа, тестото поделете го на шест еднакви делови, секој по 150 грама. Наредете ги венчињата на плех, премачкајте со јајце, а во средината можете да ставите стуткана алуминиумска фолија која ќе ви го смени јајцето. Се пече на 200 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната.

Штом венчињата се испечат, отстранете ги додека алуминиумската фолија е уште врела, а потоа изладете. Кога ќе се изладат, ставете го јајцето во средината.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тухел е песимист: Мали ни се шансите да го изненадиме Реал

Следно

Кој ја политизира трагедијата со Денис Тот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian