Груевски жали што САД го ставиле на „црна листа“: За ова лобираа македонските власти

2 mins read

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој како бегалец со години живее во Будимпешта, се огласи на Фејсбук за да го искоментира потегот на Соединетите Држави, кои денес соопштија дека го ставаат Груевски, заедно со Сашо Мијалков и нивните семејства, на „црната листа“ на САД поради нивната вмешаност во „значителна корупција“.

Груевски вели дека жали за одлуката на американските власти и дека таа е резултат на лобирање од актуелната власт во Македонија.

„Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи. Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на балканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници, како што на пример беше Џорџ Сорос, кој вложи многу напори и финансии за соборување на владата која ја предводев“, вели Груевски во објавата на Фејсбук.

„Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија“, пишува Груевски од Будимпешта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Научници велат дека развиле метод за подмладување на човечките клетки до 30 години

Следно

Унгарија е подготвена да плаќа во рубљи за рускиот гас без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian