Голем пех за селекторот Милевски: Костадинов ги скина лигаментите на коленото

1 min read

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото на саботниот натпревар за својот тим Пјаст во полскиот шампионат против Лечна.

Костадинов влезе во игра на стартот од второто полувреме, но во 77 минута беше заменет поради згобиената тешка повреда на лигаментите. Лекарските прегледи покажаа дека неопходна е операција поради што Костадинов го чека пауза од најмалку шест месеци.

Повредата на фудбалерот на Пјаст е голем удар и за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, бидејќи Костадинов е неизоставен дел на националниот тим.

Повредата значи дека Костадинов ќе го прескокне новото издание на Лигата на нации кои започнува во јуни и ќе трае до септември, а „црвено-жолтите“ ќе играат со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен малолетник кој крадел од стан

Следно

ФОТО | Џејда Пинкет Смит првпат во јавноста по скандалот на Оскарите: Без сопругот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian