Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

1 min read

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА.

Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија.

Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница.

Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин.

kurir.mk

Претходно

Битиќи: СОНК се согласи дека мора да има шест месеци за усогласување со минималната плата, а сега штрајкува

Следно

Собрани 64.460 тони смет и 100 кубни метри кабаст отпад во пролетната акција во општина Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian