ФОТО | Џејда Пинкет Смит првпат во јавноста по скандалот на Оскарите: Без сопругот

2 mins read

Актерката Џејда Пинкет Смит се појави на црвениот тепих во саботата, а тоа беше нејзино прво појавување во јавноста по Оскарите кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шамар на комичарот Крис Рок.

Имено, Џејда се појавила во друштво на познатата сценаристка и продуцентка Шонда Рајмс и актерката Деби Ален на свеченото отворање на „Rhimes Performing Arts Center“ во Лос Анџелес во саботата. Таа, исто така, позирала заедно со Семјуел Л. Џексон и неговата сопруга Латања Ричардсон Џексон.

Пинкет Смит позираше на црвениот тепих во блескав златен фустан со минималистички крој без прерамки и соодветни златни обетки.

За време на настанот Џејда постојано била насмеана, јасно ставајќи до знаење дека ништо нема да ѝ го расипе доброто расположение.

Да потсетиме, Џејда Пинкет Смит боледува од алопеција поради која ја изгуби косата, а за тоа проговори уште во 2018 година кога отворено откри низ што поминува.

„Бев под туш и одеднаш рацете ми беа полни со прамени коса. Си помислив: „Зарем ќе бидам ќелава?“. Се тресев од страв. Затоа решив да се шишам и ќе продолжам да го правам тоа. Во моментов, сето тоа ми е смешно. Сфатив дека не треба повеќе да го кријам тоа од јавноста. Страдам од алопеција, веќе не можам да кријам дека косата ми опаѓа и тоа ќе им го покажам на сите“, во тоа време изјави таа.

Семејството Смит минува низ предизвикувачки период откако Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на Оскарите за време на тв пренос во живо затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем пех за селекторот Милевски: Костадинов ги скина лигаментите на коленото

Следно

Николовски смирува: Храна ќе има, земјоделците да ги искористат мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian