ФОТО | Бакнежи низ историјата: Љубовни, братски и безвременски

6 mins read

Научниците дебатираат дали бакнувањето започнало како тренд што се раширил низ целиот свет или органски се појавил во различни региони. Осмозата која настанува со овој чин, секогаш облагородена од магија нè интригира како суштества, доволно за да ја преточиме во уметност, историја и крајно култура. Бакнежот ослободен од романтичен контекст и заробен во истиот оставил траги во историјата, а ова е нашта селекција на монументални бакнежи.

„Бакнежот, сам по себе е бесмртен. Патува од усна до усна, од век до век, од возраст до возраст. Мажите и жените ги собираат овие бакнежи, ги нудат на други и потоа умираат за возврат“ – Ги де Мопасан

Околу 1500 п.н.е.: Првиот бакнеж

Камасутра, Фото: YouTube-принтскрин

Најраните познати записи за бакнежот се во ведските санскритски списи околу 1500 п.н.е. После тоа, бакнувањето продолжува да се појавува во древната индиска и хинду литература. Во „Махабхарата“, санскритска епопеја составена во 4 век од нашата ера, има реплика: „ја стави нејзината уста до мојата уста и испушти врева што предизвикува задоволство во мене“. Камасутрата има и поглавје за бакнување кое ги идентификува различните методи на бакнување и видовите бакнежи.

1882 година: Бакнежот, Август Роден

The Kiss, Роден, Фото: Flickr

Оваа скулптура на познатиот француски уметник Огист Роден е замислена како дел од поголемото монументално дело насловено „Портите на пеколот“, инспирирано од „Пеколот“ на Данте. На него се прикажани двајца вистински љубовници, современици на Данте, кои биле фатени во недозволен љубовен обид и убиени поради нивната недискреција од разбеснет сопруг. Во Италија во 13 век, љубовниците биле осудени во пеколот, а не сопругот.

1896 година: Првиот филмски бакнеж

May Irwin kiss, Фото: Викимедија

Првите луѓе кои споделиле бакнеж на филм биле Меј Ирвин и Џон К. Рајс, во краткиот филм од 18 секунди познат како „May Irwin kiss“, „Kiss“ или „The Kiss“. Во 1896 година, двајцата изведувачи отишле во студиото на Томас Едисон во Њу Џерси и ја реконструирале последната сцена со бакнеж од претстава што ја играле во Њујорк. Во тоа време филмот предизвика морална огорченост дури и повици за цензура.

1908 година: Бакнежот, Густав Климт

The Kiss, Густав Климв, Фото: Викимедија

Австрискиот симболист Густав Климт бил познат по своите еротски проучувања на женската форма и по неговите дела со техника на златни и сребрени орнаменти, од кои ова е најпознатото. Играјќи си со форма низ традициите на раниот модернизам, тој навестува на две форми, обединети додека човек се наведнува да ја обвие љубовницата на колена во прегратка или да го обере слаткото предавање.

1945 година: Денот на победата над Јапонија, Тајмс Сквер

Бакнувањето било популарна поза за време на Втората светска војна, но оваа иконска слика на Алфред Ајзенштат била спонтана, бидејќи морнарот зграпчил случајна минувачка и ја бакнал.
Грета Цимер(бакнатата) била на Тајм Сквер кога еден морнар по име Џорџ Мендонса – кој почнал рано да пие дотрчал и агресивно ја бакнал, оставајќи ја својата девојка зад себе. Цимер се борела да го оттурне странецот и тие се разделиле. Но, без да знаат и двајцата, фотографите Алфред Ајзенштад и Виктор Јоргенсен го снимиле моментот.

1967 година: Бакнежот на животот

Бакнежот што не бил романтичен, туку спасувачки му ја донесе на Роко Морабито Пулицеровата награда за „Spot News Photography“ во 1968 година. Електричарот Рандал Шампион бил во несвест и висел наопаку откако допрел струја. За среќа, неговата опрема го спречила да падне на земја, а неговиот колега Џеј Ди Томпсон брзо реагил. Шампион преживеа и доживеа 64 години.

1974 година, Бакнежот на смртта, The Godfather II

The Godfather II, Фото: IMDB-принтскрин

Сицилијанските мафиози станаа познати во 19 век по бакнување на убијците за да го официјализираат изрекувањето на казната за некој што требало да биде убиен. Практиката е приспособена во „Кум II“, кога дон Мајкл Корлеоне го изрекува бакнежот за да го осуди својот брат Фредо на новогодишната забава, откако овој ќе го предаде. „Ми го скрши срцето“, незаборавно вели Мајкл.

1979 година: Социјалистичкиот братски бакнеж

Социјалистичките и комунистичките лидери за време на Студената војна развиле посебен бакнеж врз основа на европските традиции. Но, токму во Европа е најпознатиот пример, кој се случил меѓу советските и источногерманските лидери Леонид Брежњев и Ерих Хонекер на 30-годишнината од основањето на Германската Демократска Република. Моментот најпрвин го снимил фотографот Регис Босу, а потоа рускиот уметник Дмитри Врубел го претворил во незаборавен мурал на Берлинскиот ѕид со наслов „My God, Help Me to Survive This Deadly Love“ (Боже мој, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов).

„My God, help me to survive this deadly love“, Фото: Flickr

1995 година: Lady and the Tramp

Маза и Луња, Фото: IMDB-принтскрин

Се среќаваат двајца ѕвездени љубовници – Маза и Луња, таа од префинето семејство, тој од погрешната страна на шините. Тие се заљубуваат и се бакнуваат. Контактот со усните во познатата сцена е случаен, бидејќи кучешкиот пар срамежливо дели чинија шпагети и по сплетка на судбината ја јадат истата шпагета.

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: ЛА Лејкерс го отпуштија тренерот Вогел

Следно

Рама порача и од Берлин: Се разделуваме со С. Македонија ако во јуни нема преговори за ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian