Делегација на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент денеска почнува тридневна посета на Бугарија, соопшти ЕП.
Eвропратениците ќе ги испитаат наводите за корупција и злоупотреба на јавните средства и како тие влијаат врз финансиските интереси на ЕУ.
Во делегацијата се Томаш Здечовски (ЕПП, Чешка), Цветелина Пенкова (С&Д, Бугарија), Софија ин’т Велт (Рењу, Холандија), Виола фон Крамон-Таубадел (Зелени / ЕСА, Германија), Јоаким Кус (ИД, Германија) , Ришард Чарнецки (EQF, Полска) и Андреј Новаков (ЕПП, Бугарија) како придружен член.
Делегацијата ќе има средби со различни бугарски граѓански организации, истражувачки новинари, како и со високи државни и владини претставници директно или индиректно вклучени во администрацијата и управувањето со европските фондови во Бугарија, вклучително и министерствата за финансии, внатрешни работи и за земјоделство, како и како и Обвинителството, Националното собрание на Бугарија, Извршната агенција одговорна за ревизија на фондовите на ЕУ, Националната канцеларија за ревизија и Националната асоцијација на општини во Бугарија.