Дембеле треба да остане во Барселона

1 min read

Зимското засилување за Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг му порача на соиграчот Осман Дембеле да потпише нов договор со каталонскиот тим.

Дембеле и Обамејанг беа соиграчи и во Борусија Дортмунд, а доказ дека одлично функционираат и во дресот на Барселона е вчерашната победа над Леванте од 3:2 кога напаѓачот постигна гол по асистенцијата токму на Дембеле.

Денеска Обамејанг уште еднаш го повика Дембеле да не се двоуми и да потпише нов договор со Барселона.

– Дембеле треба да остане во Барселона, мислам дека тоа е најдоброто решение и за него и за клубот – рече Обамејанг.

Наводно, Дембеле е многу блиску до донесување на ваква одлука бидејќи ја има целосната доверба од тренерот Чави Ернандез. На последните седум натпревари во Ла Лига, Дембеле постигна еден гол и има дури девет асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се решаваат проблемите со каналската мрежа во Ново Село и Стопански Двор

Следно

Сајмон Кауел призна дека „малку“ претерал со ботокс: Синот не ме препозна, доста е

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian