Дали стареењето нè прави себични?

4 mins read

Стареењето со себе може да донесе животно искуство и мудрост, но понекогаш може да нè направи самодоволни и себични. Едно истражување тврди дека нивото на човечка емпатија се намалува со текот на годините. Но, поновите истражувања охрабруваат и посочуваат дека постарите само побавно разбираат нечии чувства, но дека сепак негуваат големи количини на емоции.

Стареење и емпатија

Емпатијата се објаснува како способност да се гледа на животот од гледна точка на друга личност, со цел да се разберат чувствата на другите луѓе. Некои истражувачи тврдат дека луѓето во суштина се егоцентрични суштества.

Нашата способност да разбереме и да реагираме на чувствата на другите луѓе ја следи превртената шема во форма на буквата „У“, при што емпатичните вештини достигнуваат врв во средната возраст пред да почнат повторно да опаѓаат во староста, велат некои психолози.

Мишел Кели од Универзитетот во Њукасл тврди дека нема простор за еднострани заклучоци. Експертите тврдат дека луѓето постари од 65 години не се толку добри во „когнитивната емпатија“, но, дека се добри во „чувството за другите“.

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

Тим научници од Њукасл испитале 231 лица на возраст од 17 до 94 години

Испитаниците добиле две задачи дизајнирани да ја „измерат“ нивната когнитивна емпатија. На учесниците им биле покажани фотографии од лица и видеа на актери од кои било побарано да пренесат различни емоции. Задачата на испитаниците била да ги откријат емоциите на луѓето на фотографиите и видеата и да одлучат дали, на пример, две лица изразуваат исти или различни емоции.

Во третата задача, учесниците во истражувањето набљудувале 19 фотографии од луѓе вклучени во некаква социјална активност. Истражувачите побарале од испитаниците да им одговорат, на пример, како се чувствува главниот актер на фотографијата или да кажат како сцените што ги виделе влијаеле лично на нив. Од нив било побарано и да објаснат дали ќе реагираат на некој начин, ако сцената што ја набљудувале се случува во реалниот живот.

„На работа сме како едно големо семејство“: Зошто компаниите ни ја наметнуваат оваа метафора?

Стареење и силни чувства

Испитаниците потоа биле поделени во три групи, млади луѓе на возраст од 17 до 35 години. Втората група ја сочинувале средовечни луѓе на возраст меѓу 36 и 65 години и третата група била сочинета од луѓе на возраст над 66 години. Немало разлика помеѓу различните возрасни групи кога станува збор за афективната емпатија или просоцијалното однесување. Претходните истражувања сугерирале дека способноста за сочувство е фактор што нè тера да помогнеме на друга личност.

Психолозите предупредуваат дека психопатите, на пример, имаат многу развиена когнитивна емпатија, но воопшто не можат да го почувствуваат стравот или понижувањето на своите жртви. Постарите групи на испитаници имале малку пониски резултати кога станува збор за когнитивната емпатија. Се верува дека оваа студија сè уште има некои ограничувања, некои задачи биле пребрзи за постарите лица и биле споредувани групи од различни возрасти.

„Јасно е дека односот меѓу луѓето од различна возраст и емпатичните вештини е комплексен“, сметаат истражувачите.

Постарите луѓе не се помалку способни да споделуваат и да реагираат на емоциите на другите. Емпатијата ги надминува годините и јасно е дека некој може да биде календарски стар, но сепак да има силни чувства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баерн не се потресува од желбата на Левандовски да се пресели во Барселона

Следно

Не сме против покачување на платите, вели Миле Талески од СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian