ВИДЕО | Мајка сподели генијален трик: Еве како бебето само покажува дали е гладно или сито

1 min read

Оваа мајка на ТикТок го сподели својот генијален трик кој ќе ви помогне подобро да ги разберете знаците на вашето бебе и да сфатите кога е гладно, дури и пред тоа да почне да плаче.

Таа вели дека бебињата обично ги стискаат дланките кога се гладни, а полека започнуваат да ги опуштаат кога стануваат сити.

Сите бебиња се различни и можат да покажуваат различни знаци. Ова го прави моето бебе, а го прават и повеќето други, тоа е нивниот природен инстинкт и се надевам дека овој совет ќе ви помогне“, напиша мајката.

Како доказ за тоа постави видео на кое се гледа како го храни своето малечко девојченце. Нејзиното бебе на почетокот ги држеше неговите дланки стиснати, но како започна да се храни, така полека започна и да ги опушта дланките, за на крајот да покаже дека е целосно сито.

Според експертите, ова однесување на бебето е апсолутно нормално и може многу да ви помогне во откривањето на неговите чувства. Разбирањето на знаците кои вашето бебе ви ги покажува многу ќе ви го олесни одгледувањето, па така и вие и вашето бебе ќе бидете позадоволни.

@thehawkinsfamily Follow for more tips and examples! ☺️ #newborn #2monthsold #baby #momlife #newborntips #babytips #babytipsandtrick #newmom #newmomtips #babycues #babycue #newbornbaby #motherhood #cutebaby ♬ Send Me on My Way – Guy Meets Girl

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков до Мицотакис: Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е клучен за ЕУ

Следно

Женска трка во поддршка на жените со мултипла склероза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian