ВИДЕО: Имобиле ја прегази Џенова, со „хет-трик“ го престигна Влаховиќ

1 min read

Фудбалерите на Лацио ја совладаа Џенова со резултат 4:1 (2:0), во натпреварот од 32 коло во најсилното италијанско првенство.

Најзаслужен за победата на „небесно-сините“ беше Чиро Имобиле кој постигна три гола. Со овој хет-трик се израмни со Единсон Кавани и Антонио Ди Натале, по седум во Серија А.

Сега има 24 постигнати голови оваа сезона и го престигна српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ (22) од Јувентус на врвот на листата најдобри стрелци.

Гол серијата на римскиот клуб ја започна Црногорецот Марушиќ во 31 минута, а непосредно пред паузата предноста ја зголеми Имобиле. Во 63 минута репрезентативецот на Италија се погрижи за 3:0, а пет минути подоцна домаќините намалија благодарение на автоголот на Патрик.

Конечниот епилог беше поставен во 76 минута кога Имобиле го комплетираше својот хет-трик после асистенцијата на Педро.

Лацио после 16 победа во шампионатот се наоѓа на петтата позиција со 55 бодови, додека Џенова и натаму се бори за опстанок во елитата, моментно е на претпоследното 19 место со 22 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид состојба: Нови 142 заразени, 105 оздравени, 7 починати

Следно

Дали го препознавате: Пронајдена стара видеоснимка од славниот пејач додека бил дете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian