Изминатата ноќ беа одиграни три натпревари во НБА лигата, после два порази во низа, екипата на Мемфис убедливо славеше над Њу Орлеанс со резултат 141:114.
Гризлис особено импресионираа во третата четвртина кога реализираа 55 поени, па на почетокот од последниот период имаа дури 42 коша предност (122:80).
Тоа што исто така го одбележа мечот и е бројот на асистенции, вкупно 41 за Мемфис, што му е негов досегашен рекорд.
Кај стрелците најефикасен беше Брукс со 23 поени, два помалку имаше Моратн (девет асистенции), а на спротивната страна Меколум беше најефикасен со 16 поени, следен од Ернангомез со 15 поени и 10 скокови.
НБА лига, резултати –
Мемфис – Њу Орлеанс 141:114
Сан Антонио – Голден стејт 94:100
ЛА Клиперс – Сакраменто 117:98
The NBA standings with 1 more day in the season!https://t.co/xhCSbzNSi7 pic.twitter.com/RZseMftWgw
— NBA (@NBA) April 10, 2022