ВИДЕО: Адеми е херојот на Динамо Загреб во дербито со Риека

1 min read

Динамо Загреб ја продолжува трката за титулата во најсилната хрватска лига, вечерва во дербито на 30 коло како гостин триумфираше над Риека со 1:2.

На табелата „модрите“ после 19 победа сезонава се на првото место со 63 бодови, пред второпласираниот Осиек (61) кој има меч повеќе.

За гостите од првата минута започна македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој играше до 77 минута. После првото полувреме водеше Риека со голот на Гнезда Черин уште во шестата минута од средбата по додавањето на Абас.

Израмни Емрели во 79 минута, а конечниот епилог го постави нашиот Аријан Адеми во 79 минута после асистенцијата на Андриќ, негова втора на натпреварот.

За Адеми ова е втор гол сезонава во 13 настап за Динамо Загреб. Кај домаќините стартер беше Дарко Велковски кој настапи до 82 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре ќе се знае дали Мухамед Зекири останува во притвор

Следно

ВИДЕО | Еве како не мамат во рестораните: Познат тиктокер го покажа трикот со мраз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian