Утре ќе се знае дали Мухамед Зекири останува во притвор

2 mins read

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на ексгенералниот секретар на Владата и поранешен потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, ја поднесе за определениот 30-дневен притвор, објави Алсат.

Зекири од петокот е во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Адвокатот на Зекири рече дека во жалбата ги побива сите основи за одредување на притворот.

Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште се недостапни за органите на прогонот, а надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава.

Од МВР за Алсат изјавиле дека до нив, ниту од Судот ниту од Обвинителството, засега нема пристигнато налог за распишување потерници. Од Обвинителството повторија дека и за нив бараат притвор, но додаваат дека таков налог до МВР треба да испрати Судот. Од Судот пак, појаснувајќи ја процедурата, информираат дека најпрвин треба да добијат официјално известување од полицијата дека не може да ги пронајде, по што би можеле да издадат налог за распишување меѓународна потерница.

Зекири заврши во притвор откако Обвинителството соопшти дека постојат сомневања дека тој ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, а со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист. Договорот се однесувал за изработка на физибилити студија за скрининг на работењето на Македонски пошти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„НБА меч“ во Битола, Пелистер во финишот го урна скопскиот ТФТ

Следно

ВИДЕО: Адеми е херојот на Динамо Загреб во дербито со Риека

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian