Уништен аеродромот во Днепар

1 min read

Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина.Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина.

Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух  погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации.

Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар.

Ниту една од овие изјави на двете страни не можеше да биде потврдена.

kurir.mk

Претходно

Леонардо Дикаприо има нова работа

Следно

Албанија купува „паметни“ турски дронови, Рама вети и албански сателити во орбитата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian