Скокајќи од мост се самоуби српскиот актер Бојан Лазаров, оставил и проштално писмо

1 min read

Српскиот актер Бојан Лазаров (50) изврши самоубиство, тој скокнал од Мостот на Ада на земјена површина.

На лице место бил затекнат автомобилотOpel Astra во кој било пронајдено и прошталното писмо.

Лазаров е роден во 1972 година, а вчера тој трагично го заврши својот живот. Тажната вест за неговата смрт ја објави на Инстаграм и актерката Јелена Ѓокиќ, која се збогуваше со него. Со него на Твитер се збогуваше и „Југословенскиот драмски театар“.

Актерот Лазаров на многумина им беше познат по улогата во „Замки“, „Белградска фантомка“, „Мирис на дожд на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато“ и многу други.

За жал неговата плодна кариера рано заврши, а иако неговиот актерски живот беше добро познат, за личниот живот на актерот не се познати многу детали.

Актерот страдал од тешка депресија, а како што е познато, тој пред две години исто така пробал да изврши самоубиство, но докторите го спасиле навремено.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Глигоров не е повеќе тренер на ФК Вардар

Следно

Партиите за штрајкот на просветните работници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian