Шокантно тврдење на синот на Муамер Зукорлиќ: Татко ми беше отруен

2 mins read

Синот на српскиот политичар и верски лидер Муамер Зукорлиќ, Усама Зукорлиќ, денеска на прес-конференција изјави дека лаборатории од странство констатирале дека неговиот татко не умрел од природна смрт и дека постои можност де е отруен со тешки метали.

Зукорлиќ почина во ноември, кога му се слоши додека држеше предавање во Нови Пазар. Тогаш беше соопштено дека причина за смртта е срцев удар.

-Поминаа пет месеци и четири дена од смртта на починатиот академик муфтија Муамер Зукорлиќ. Јас и моите најблиски во ниту еден момент не се помиривме со фактот дека нашиот великан почина без надлежните институции официјално да ја утврдат причината за смртта. Во хаосот што нè зафати тој ден, малку луѓе останаа присебни. Оние кои беа присебни тој ден, пред погребот, зедоа примерок од покојниот муфтија. Нам, на семејството, ни требаше долго време да најдеме соодветни лаборатории во странство каде што ги правевме потребните испитувања, вели Усама Зукорлиќ./blockquote>

„Првата лабораторија утврдила дека постои голема веројатност лицето чиј примерок е земен да е затруено со тешки метали. Друга лабораторија констатирала дека, врз основа на примерокот што го добиле, лицето е отруено со храна. Истражувањето спроведено од семејството е основа за сомнеж дека починатиот академик муфтија Муамер Зукорлиќ не умрел од природна смрт. Затоа ќе покренеме истрага на највисоко ниво пред надлежните правосудни органи на Република Србија за дефинитивно да се утврдат причините за смртта на нашиот татко и водач, кој беше потпретседател на Собранието на Република Србија во моментот на смртта“, рече синот на Муамер Зукорлиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Групата „Манескин“ објави песна за поддршка на Украина и ги праша Русите „Како спиете навечер?“

Следно

ВИДЕО: Елмас и Наполи со чекор назад во борбата за шампионската титула

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian